Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко кој е сопственик на Ракометниот и Фудбалскиот клуб Вардар потпиша спонзорски договор со францускиот составо Монако. Обложувалницата „Бет Сити“ две години ќе вложува финансиски средства во тимот од кнежеството.

Самсоненко, не инвестира само во РК и ФК Вардар, туку е активени во московска ЦСКА. Монако ќе биде трето спортско друштво каде што ќе инвестира Русинот. Малку е чудно и не обично што двата спортски колективи под името Вардар едвај врзуваат крај со крај а сопственикот ќе инвестира во трет клуб.

  • Се надевам дека ова е почеток на трајна соработка помеѓу Монако и ‘Бет Сити’ и имаме за цел да ги здружиме нашите сили за да придонесеме за развој и унапредување на фудбалот во двете земји. ‘Бет Сити’ долго време е вклучен во развојот на рускиот фудбал, во тесна соработка со ЦСКА Москва. Новото партнерство ќе ни овозможи да го достигнеме новото ниво на денешниот светски фудбал. Се надеваме дека Монако ќе ни помогне ефикасно да ги оствариме амбициозните проекти и цели поврзани со маркетингот. – стои во изјавата на Самсоненко.

И покрај нестабилната финанската ситуацијата, ракометарите на Вардар се издигнаа над проблемите и минатата сезона ја освоија втората титула во Лигата на Шампиони.

OhridNews