Женската ракометна екипа Вардар предводена од Индира Кастровиќ го симна Металург од тронот. “Црвено црните“ во финалната серија стигнаа до втората победа и тоа на гостински терен со 21-18.

“Дрим тимот“ на Вардар со освојувањето на титулата во македонскиот шампионат го најави сериозниот проект, кој ветува многу во женскиот ракомет.

Досега се донесени многу квалитетни и скапи засилувања, а тука нема да застанат се додека не направат “дрим тим“, кој ќе ја покори Европа.

Мх.П.