Македонскиот ракометен првак Вардар го потврди трансферот на шпанскиот репрезентативец Жоан Кањелјас од редовите на Кил.


Шпанецот со „црвено црните“ потпиша тригодишен договор, а на клубот ќе му пристапи по завршување на тековната сезона.

– Вардар продолжува со создавањето на респектибилен тим, и од следната натпреварувачка сезона ќе добие уште едно звучно и квалитетно ракометно име. Шпанскиот репрезентативец Жоан Кањелас во следните три сезони ќе биде дел од нашиот клуб. Верувам дека со неговото искуство ќе донесе дополнителен квалитет во играта што ќе ни овозможи да бидеме уште подобри како тим. Неговите индивидуални квалитети се добра референца за нашите очекувања во следниот период. Се надевам дека заедно ќе бидеме уште поуспешни. – изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар за официјалниот клупски сајт. 

Кањелјас преставува прво засилување за новата сезона откако заминување од Вардар најавија Сергеј Горбок, Алем Тоскиќ и Матијаж Брумен.

OhridNews