Суперлигашкиот натпревар против Металург 2 ракометарите на Охрид ќе го одиграат в недела во (18ч), а не в сабота како што беше практика до сега.

Причина за поместувањето од стандардниот термин в сабота во 19 часот е дуелот на Вардар во Лигата на Шампиони со Висла, кој е закажан за 20:15ч.

За „гладијаторите“ мечот со втората екипа на Металург е последен пред своите гледачи во регуларната сезона од Супер лигата.

Потоа ќе следуваат натпреварите од плејаут лигата кои за охриѓани ќе бидат чиста формалност поради обезбедениот опстанок пред да стартуваат мечевите.

Мх.П.