Охридските “бели“ го претрпеа првиот пораз во подготвителниот период. Охриѓани торпедирани на Билјани од Вардар со 4-0. Црвено- црните во првиот дел само еднаш ја затресоа мрежатаа стрелец беше Пеев.

Отпрот го скршија во вториот дел кога постигнаа уште три погодоци. Масев, Ковачевиќ и Јанчевски беа стрелци во продложението.

Без разлика што игравме со вторлигашка екипа, за мене најбитен е пристапот кон мечот – рече по завршувањето на натпреверот Ратко Достаниќ.

Велкоски во аут

Во финишот на мечот со незгодна повреда се здоби “либерото“ во охридскиот состав Бранислав Велкоски. Дали се работи за нешто посериозно ќе биде познато денес по ренген снимките кои треба да ги направи.

Велкоски е единстевниот играч кој остана во ФК Охрид, од стандардната одбранбена тројка мината сезона. Лошкоски не се појави на стартот на подготовките, додека Степаноски премина во Кически Напредок. Повредата на Велкоски и неговото не играње би била голем удар за охридската екипа пред стартот на првенствотото.

М.Постоловски