Во пријателски натпревар на „Билјанини извори“, фудбалерите на Вардар убедливо со 3-0 го совладаа новиот вторлигаш Охрид .

По поразот 1-0 од Тирана и ремито 0-0  против албанската Беса вардарци ја забележаа првата победа на подготовките во Охрид .За охриѓани ова беше првиот контролен натпревар во новата сезона. Стрелци на головите за Вардар беа Петров во првиот  ,Емрулаху и Кировски  во вториот дел.


судиската тројка од Охрид предводена од Драган Николоски…

…немаше многу работа на натпреварот кој убедливо го доби Вардар

Вардар пресилен -фудбалерите на Охрид

 
Толески во копачките на Вандаир

Дваесетина минути  во вториот дел за вардарци доби поранешниот македонски репрезентативец Гоце Толески кој во изминатите 6 месеци беше дел од германската втора Бундес лига со тимот на Бургхаузен.


резервите на Вардар

Толески кој ги разгледува понудите од Германија и Израел ќе продолжи да се подготувува со црвено-црните, а не е исклучена мозноста тој да настапи за Вардар во Уефа купот, под услов потоа во колку најде ангажман надвор да му биде дозволено да замине.

Мирко Постоловски
фото: Васко Бујароски