Ракометниот клуб Вардар, согласно клупскиот Дисциплински правилник, а поради прекршување на правилата на однесување, им изрече двенеделна суспензија на репрезентативците Стојанче Стоилов и Дејан Манасков.

Стоилов и Манасков во овој период ќе тренираат со вториот тим на Вардар, а клубот реши истовремено и парично да ги казни, пренесува „Макфакс“.

Двајцата играчи доставија изјави за нивното однесување во врска со настанот во кои биле инволвирани. Било констатирано прекршување на клупската дисциплина, поради што истите се санкционирани.

OhridNews