Актуелниот освојувач на трофејот од Купот на Македонија, Вардар ги комплетираше четирите учесници на завршниот турнир кој ќе се одржи на 14 и 15 мај.
„Црвено црните“ рутински се справија со Работнички во полуфиналето и помладата екипа на Металург 2 во финалето за пласман на фајнлфорот во Купот на Македонија.
Покрај бранителот на трофејот билетот за Ф4 го чекираа екипите на Охрид, Вардар Јуниор и петкратниот првак Металург.
OhridNews