Фудбалерите на Охрид остануваат на дното од табелата и без победа откако претрпеа нов пораз од Вардар Форино 4-1 (0-0) во седмата рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад.

Мрежите мируваа после 45 минути игра во Гостивар, а домаќините отпорот на „рибарите“ го скршија во второто полувреме во кое постигнаа четири погодоци.

Гол серијата на Вардар Форино ја најави Мухамед Бекир во 50-та минута. На 2-0 односно 3-0 зголеми Елмир Алија а четвртиот погодок го постигна Аријан Ејупи. Почесниот гол за охриѓани го постигна Никола Секулоски во 82-та минута од мечот.

„Рибарите“ после седум одиграни натпревари имаат само еден бод, додека Вардар Форино се зацврсти на средината од табелата со триумфот на домашен терен.

OhridNews