Екипата на Вардар Форино официјално е отстранета од Втората македонска фудбалска лига-запад, откако викендов, по втор пат без наведана причина не одигра официјален натпревар. Вардар Форино во есенската полусезона не се појави на теренот со кичевски Велазерими, а во 17-та рунда не го одигра дуелот со Гостивар.

Според правилата на Фудбалската федерациа на Македонија (ФФМ), по два неодиграни мечеви следува отстранување од лигата и преселување во најнизок ранг.

Втората МФЛ-запад ќе продолжи со девет екипи, но во третиот круг. До комплетирање на вториот круг мечеви останува уште една рунда. Велешта кој требаше да биде следен ривал на Вардар Форино ќе добие службени три бодови, исто, како и Гостивар за една рунда претходно.

Остранувањето на Вардар Форино ќе промени многу во битката за опстанок. Од Втората МФЛ-запад ќе испадне уште една екипа, а таа ќе биде една од Кадино, Дрита или Тетекс. Составот кој ќе заврши на осмата позиција на табелата ќе игра бараж со третолигашките екипи за нов второлигашки билет.

Последната рунда од вториот круг се игра викендов.

OhridNews