Два гола, две исклучување и елиминација на Вардар е епилогот од денешниот 1/8 финален натпревар од купот на Македонија во Охрид.

Ренова до пласман во 1/4 финалето стигна со погодоците на Ибраими во 7` и Мемеди во 90`.


Спорни моменти беа во 10 минута кога по ударот на Масев топката од гредата се одби во поле, а вардарци бараа погодок. Во 72 минута Бајевски постигна кој поради наводна офсајд позиција беше поништен.

По завршувњето на мечот својот бес црвено – црните ги истурија на судиската тројка.


По завршувањето на мечот незадоволната гостинска екипа со неколку членови на управата се упатија кон судиската тројка при што поради навреда, плукање и заканување, главниот судија Марјан Маркоски ги пријави Ејупи Музафер и шефот на стручниот штаб Жикица Тасевски, како и лицата Чекаров Дејан и Саше Милошески кои не беа во записникот.

М.Постоловски