Ракометниот клуб Вардар ќе ја уплати котизацијата од милион евра и ќе настапува следната сезона во Лигата на Шампиони, – најави првиот човек на клубот Михајло Михајлоски.

Вардар до 27 јули ќе ги исполни главниот критериум од ЕХФ и ќе добие зелено светло за учество во ЛШ. Скопските „црвено црните“ и покрај двете титули освоени последниве пет години не се покажаа како стабилен клуб кога се работи за финансии, затоа ЕХФ сака(ше) да обезбеди гаранција пред почетокот на сезоната и избегнување на криза која може да резултира со откажување. Дел од парите ќе бидат искористени за исплата на поранешни ракометари, а дел како буџет за претстојната сезона во европските натпреварувања.

Вардар е во групата А во Лигата на шампионите заедно со Елверум, ПИК Сегед, Загреб, Монпелје, Мешков Брест, Алборг и Кил.

OhridNews