Судиските стручњаци за исправни ги оцениле проценките на главниот судија Марјан Маркоски и неговите помошници Симе Грданоски и Кире Негриески на реванш мечот од 1/8 финалето на македонскиот куп помеѓу Ренова и Вардар.
Скопски Вардар вината за елиминацијата од фудбалскиот Куп на Македонија ја побара кај делителите на правдата. Вардар му забележа на Марковски дека не им признал два гола.
Забелешките упатени на адреса на главниот судија Марјан Марковски од Охрид, според стручњаците, се неосновани. Одлуките на Марковски да не покаже на центарот во два наврата се оценети како исправни.
M.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com