Ракометарите на Вардар, со чартер лет во петок, од Скопје преку Краков ќе пристикнат во Кјелце, каде в сабота, ќе го одиграат натпреварот од деветтото коло во Б групата во Лигата на шампионите.


Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, во Полска замина со 16 ракометари меѓу кои покрај голманот Петре Ангелов, го нема и главниот организатор на играта Игор Карачиќ.

Хрватскиот репрезентативец, изминатите денови не тренирал со полн интензитет, поради болки во коленото, па стручниот штаб не сакајќи ништо да ризикува решил средниот бек да остане во Скопје.

Натпреварот помеѓу Кјелце и Вардар ќе се одигра в сабота (16 часот). Првиот меч во Скопје, кој се одигра на 24.октомври, заврши со убедлива победа на Вардар (34:24).

„Макфакс“

Ohridnews