Двократниот освојувач на трофејот во СЕХА лигата, Вардар без својот капитен Стојанче Стоилов во составот ќе му се спротистави на градскиот ривал Металург во градската пресметка.


Дисциплинската комисија на СЕХА лигата го суспендираше Стоилов еден натпревар и парично го казни за намерниот фаул во финишот од мечот со Брест Мешков.

Фаулот не му помогна на Вардар бидејќи според новите правила секој намерен прекршок при крајот на натпреварот се санкционира со пенал и црвен картон.

Стојковиќ го реализираше ударот од седум метри и донесе бод за својата екипа во дуелот одигран во Јане Сандански.

Македонското дерби во СЕХА лигата се игра на 6 септември во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

OhridNews