ГФК Охрид во првиот натпревар по тренерската смена, забележа пораз во Скопје од Вардар 2:0, во рамки на 7то коло од Втората фудбалска лига Запад.
Стрелци на головите беа Дејан Блажевски 15′ и Дарко Грозданоски 75′.
По овој пораз ГФК Охрид остана закован на дното на табелата со само 3 освоени бода.
Вториот охридски вторологаш, Воска Спорт, на домашен терен извојува убедлива победа од 5:0 против Кадино.
За Воска стрелаа: Изаир Емини 15′, Игор Паноски 50′, Бехар Фета 57′ и 64′, Елмир Алији 61′.
Со оваа победа Воска Спорт изби на второто место на тамелата со 15 бода, четири помалку од лидерот Силекс кој во 7то коло ремизираше на гости со Гостивар 2:2.
Г.М.