Кошаркарскиот прволигаш Вардар 2000 е против враќањето на Амак СП во Првата лига, а својот став нема да го изнесат на состанок на Здружението бидејќи го бојкотираат.

Ние не сме против Амак СП како клуб, но мора да се почитуваат правилата. Штом сте загубиле два меча со службен резултат, се знае што следува – вели почесниот претседател на клубот, Владимир Воиновски за “Дневник“ и  додава дека браќата Војдан и Дамјан Стојановски биле позајмени на шест месеци во охридскиот клуб, но тие потпишале 18-месечни договори и една година нерегуларно го носеле дресот на Амак СП.

ohridnews