Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 официјално обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска му додели службена победа за неодиграниот натпревар против белоруски Мешков Брест.

Извршниот комитет на ЕХФ, како што официјално е соопштено, одлучи двата неодиграни натпревари на Мешков Брест против Вардар и Кил да ги регистрира со службен резултат 10-0 во корист на противниците на белорускиот шампион.

Со новите два бода, Вардар е на 5. место во група А со 11 бодови со што „црвено – црните“ се пласираа во нокаут фазата во Лигата на шампиони.

Извршниот комитет на ЕХФ претходно одлучи да ги суспендира сите клубови и репрезентации од Русија и Белорусија од учество во сите тековни и тековни активности на ЕХФ до натамошно известување поради инвазијата на Украина.

OhridNews