Македонскиот првак Вардар 1961 е пред пласман на фајналфор турнирот во регионалната СЕХА лига, откако вчеравечер на домашен терен ја совлада Војводина со 38-25 и со убедлива предност ќе патува на четвртфиналниот реванш во Нови Сад.
Вардар 1961 немаше проблеми да го совлада противникот кој допатува во Скопје со подмладен состав и веќе на полувреме обезбеди двоцифрена предност (22-11).
Најефикасен во редовите на македонскиот состав беше Јан Чувура со десет голови, додека Куни Моралес постигна два помалку. Младиот Васил Гогов запиша 12 одбрани на голот на Вардар 1961.
Пред пласман на завршниот Ф4 турнир во регионалната СЕХА лига се и ракометарите на битолски Еурофарм Пелистер, кои претходно оваа недела во првиот натпревар од четвртфиналето пред своите гледачи го совладаа Татран Прешов со 37-29.
OhridNews