Европската куќа на фудбалот (УЕФА), која е организиратор на најквалитетното клупско натпреварување Лигата на Шампиони ја разгледува можноста за воведување на Видео технологијата во мечевите во нокаут фазата од оваа сезона.

Видео технологијата, популарна како ВАР зема се поголем замав во фудбалот, откако имаше одлична и ефикасна употреба на Мундијалот во Русија, а претходно во италијанската Серија А и германската Бундес лига.

  • Почнавме со подготовки. Главниот на судиите Роберто Росети и цел тим комплетно работат на случајот и очекува во најскоро време резултати на виделина. Следната сезона сигурно ќе имаме помош од ВАР, а зошто да не и сезонава, ако се помине во најдобар ред. – изјави првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Резултатите од донесувањето одлуки после прегледувањето на снимката се импозанти. Во 95% од случаите судиите донеле правилна одлука.

OhridNews