Европската куќа на фудбалот (УЕФА) порано од предвиденото ќе го вметне ВАР системот во Лигата на Шампиони. УЕФА, планираше тоа да го направи следната сезона, но Управниот одбор кој имаше состанок во Даблин, Република Ирска одлучил Видео технологијата да се употребува во елиминациската фаза од оваа сезона.
Честите судиски грешки или превиди ги натераа челниците на УЕФА да попуштат пред притисокот, бидејќи и самите клубови бараа да се воведе ВАР системот. Видео технологијата веќе две сезони се користи во Серија А и Бундес лигата, а од годинава во своите национални првенство го вметнаа Шпанија, Франција и Португалија. И англиската Премиер лига, која беше најголем поборник попушти и таму од следната сезона судиите ќе можат сомнителните одлуки да прегледаат на екранот покрај теренот.
УЕФА потврди дека ВАР системот ќе се користи во Лигата на Европа, Лигата на нации и Европското првенство до 21 година.
OhridNews