Манчестер Јунајтед со помош на ВАР-системот со 3-2 го совлада тимот на Брајтон и ја забележа првата победа во новата сезона во англиската Премиер лига. „Црвените ѓаволи“ погодокот за победа го постигнаа од пенал во 100-та минута. Судијата прво свирна крај по истекот на предвиденото време, но имаше спорна ситуацијата и после прегледување на ВАР снимката досуди пенал кој во погодок го претвори Бруно Фернандеш.

Избраниците на Френк Лампард извлекоа бод на гостувањето кај Вест Бромвич Албион ремизирајќи 3-3. „Сините“ беа пред катастрофа бидејќи имаа негатива 3-0 после половина час игра, но до крајот мечот се консолидираа и стигнаа да израмнат и освојат бод.

Резултати:

Брајтон – Мен Ју 2-3

Кристал Палас – Евертон 1-2

ВБА – Челси 3-3

Барнли – Саутемптон 0-1

OhridNews