Националниот шампионат во Англија, Премиер лигата последна ја вклучи видео технологијата во фудбалот позната како ВАР. Англичаните, не се задоволни од учинокот на ВАР системот, а клубовите на заедничка маса одржаа состанок за иднината на видео технологијата. Негодувањата се погласни, а во нив се вклучи и менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо. Португалецот не беше задоволен за црвениот картон на Хонг Сон Мин, кој го доби после прегледување на снимката во ВАР собата.
За ситуацијата со Сон, мислам дека судијата Тирни погреши. Одлуката е погрешна. И тоа во Англија, во Премиер лигата кое со сите карактеристики е најдобро натпреварување во светот. Со вакви одлуки ќе го „убиеме“ фудбалот и сите ќе чекаме компјутерот да ни пресуди. Мејсон кој беше главен судија и на половина метар од случката не виде ништо, а судијата кој се наоѓа пред компјутер одлучи дека тоа е црвен картон. Треба да се запрашаме кој суди, тој што е на теренот или тој што горе пред компјутер. ВАР требаше да биде поддршка за фудбалот и само продолжена рака на судиите, а не главна ѕвезда. – изјави Мурињо.
Хонг Сон за стартот за кој доби црвен картон во средбата со Челси заработи три натпревари суспензија. Тотенхем преку својот менаџер најави жалба на одлуката.
OhridNews