Екипата на Интер имаше победа и три бодови во рацете со кои ќе ја продолжеше серијата победи во „калчо“ лигата, но во 101-та минута во Фиренца на контроверзен начин остана без триумф. Фиорентина со погодокот од спорен пенал во 11-та минута од судиското продолжение погоди за 3-3 и освои бод.

Иако главниот судија се консултираше со ВАР технологијата, очигледна е грешката околу досудениот пенал. Топката во градите го погоди Д`амбозио, а не во раката како што процени главниот судија. Очекувано гостите од Милано беа лути и бесни после натпреварот.

  • Очигледно беше дека топката го гаѓа во градите, а не во раката. Нема дилеми се јасно се гледаше. Сите видоа. Сите! Во пеналот досуден за нас противнички играч намерно игра со рака, додека во пеналот против нас немаше апсолутно играње со рака. Воопшто не сакав да разговарам со судијата после мечот. Што ќе ми каже тој мене? Ќе ме убедува дека топката го погодила во раката нашиот фудбалер. Се` се случи пред нашите очи и нема потреба никој да ни објаснува. – изјави тренерот на Интер, Лусијано Спалети.

Интер и покрај ремито ја задржа позицијата број три на табелата, но сега разликата помеѓу четвртопласираниот Милан и петтопласираната Милан е два односно три бодови.

OhridNews