Елиф Елмас слави победа против Горан Пандев, откако Наполи со 2-1 го совлада тимот на Џенова во 31-та рунда од Серија А.

„Азурите“ први погодија преку македонскиот репрезентативец Елмас, но голот беше поништен после прегледување на ВАР снимката поради играње со рака на Манолас. Наполи до водство стигна со голот на Мертенс во финишот од првиот дел. На стартот од второто полувреме Џенова израмни и се врати во игра. Стрелец беше Голданига. Гостите од Наеапол повторно поведоа со голот на Лозано во 66-та минута. До крајот Џенова не успеа да изедначи и претрпе нов пораз.

 

Елмас на теренот помина 82 минути додека Пандев во игра влезе во 71-та минута.

OhridNews