Спрема истражувањето на лондонскиот весник Економист, Ванкувер е најудобен град за живеење на планетава, пред Мелбурн и Виена. Меѓу првите десет најудобни градови се високо рангирани и други поголеми австралиски градови. Перт спрема Економист е четврти, Аделаида шеста а Сиднеј седми.
Торонто е исто така високо пласиран и го држи петтото место, додека на врвот на првите десет европски градови се Копенхаген, Женева и Цирих.
Интересно е тоа што Ванкувер веќе петта година со ред се наоѓа на самиот врв на листата на светски градови во кои, спрема анкетата на познатиот британски неделник за економскиот свет, најудобно да се живее.
Големите светски метрополи како Њујорк, Токио, Лондон, Париз и Хонгконг, не влегоја меѓу првите десет градови поради растот на криминалот на кој последниве години се се повеќе изложени, како и од постојана опасност од террористички напади, наведуваат аналитичарите на Економист.
Напротив од тие опасности експертите сметаат дека наведените центри и понатака им даваат предности на своите жители како што се културата, образованието и здравствениот живот.
Ванкувер
Мелбурн
Виена