Пролонгирањето на преговорите и пробивањето на роковите го загрозува одржувањето на предвремените парламентарни избори во Македонија закажани за април наредната година, изјави белгискиот експерт и олеснувач во преговрите Питер Ван Хауте, јавува „Макфакс“.
Тој додава дека ако не се дојде до компромис, Македонија ќе се соочи и со остри реакции од Вашингтон и од Брисел.
Белгискиот експерт не шпекулира за можен план Б, но потсетува на случувањата во Белорусија,
Според него, по вчерашните неуспешни преговори се поставува прашањето дали политичките партии сакаат да постигнат договор.
Порача и дека за слободата на изразување не се преговара.
Главната дискусија е за слобода на изразување, со оглед на предлогот за забрана за објавување на „бомбите“.
OhridNews
извор:„Макфакс“