Поранешната сопруга на Џони Деп, пејачката Ванеса Паради, е во врска со Бенџамин Биолај. Овој музичар, инаку, е поранешно момче на Карла Бруни. Ванеса Паради и Џони Деп се разделиле по 14 години заеднички живот.

До тоа дошло кога таа дознала дека Џони ја изневерува со актерката Амбер Хард. Веќе три месеци била во врска со Бенџамин. Нејзините пријатели велат дека била многу среќна. Џони неодамна се обидел да ги поправи работите со неа, но тоа не му пошло од рака.