Вчеравечер  непознат сторител(и) ја вандализирале т.е. потполно ја уништиле спомен – плочата од пред некогашниот бугарски воен суд, а денес зграда во која е седиштето на Сојузот на синдикати. Спомен плочата изработена од мермер била поставена во знак на сеќавање на судењето на група комунисти организатори на востание, во ноември 1941 година.



Од страна на бугарскиот окупатор во оваа куќа биле осудени Лазар Колишевски, Андон Дуков, Петре Пирузе, Кирил Главинчев и Јаким Спироски. Ова е вторпат плочата да биде комплетно уништена. Првпат во 1992 исто така од сеуште непознати сторители, а оваа која сега е уништена стоела од 1994. Од Сојузот на борци само претпоставуваат кои се можните мотиви за ваквиот чин, но претпоставуваат дека тоа е „дело на пробугарски елементи“ бидејќи како што велат „намерата била само да се направи штета, а не да се украде нешто“.
“Ова не е прв ваков случај во Охрид,  спомен плочи од осамостојувањето на Македонија посебно од 1992 година да се однесени или уништени, и тоа карактериустично е што се уништени сите плочи на кои што беше спомнат за бугарскиот фашистички окупатор“, вели Крсте Крстаноси од општинската организација на борците од НОВ-Охрид.


Во Охрид се оскврнавени уште 6 спомен обележја од НОВ,  но ниту едднаш не се откриени сторителите, вели Крстаноски, според кого, зад ваквите дела стојат одредени  политички структури кои сакаат да се избрише дел од македонската историја.
Охридските  борци од НОВ најавуват дека ќе го обноват спомен обележјето, но стравуваат од повторување на ваквиот инцидент поради што очекуваат  полицијата која изврши увид на местото на настанот да ги открие сторителите на последниот вандалски чин, а судот соодветно да ги казни.
Г.М
С.К.

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com