Во доцните вечерни часови вандалски се искршени дел од стаклата од прозорите на училишната зграда на ОУ „Христо Узунов“. Сторителите и мотивот засега се непознати.
Училишниот двор утрово осамна преполн со искршени стакла покрај кои имаше летви, казма, лопата, веројатно орудијата со кои се кршело. Очигледно вандализмот се извршил со многу сила и голем гнев. Штетата е околу 1000 евра. – вели директорката на ОУ „Христо Узунов“ Оливија Пирузева Јанева.
Соседите слушнале голема галама, но, за жал, не реагирале, односно не повикале полиција. Тоа утрово го направиле од училиштето. Полицијата изврши увид и трага по сторителите на вандалскиот чин.
Г.М.