Непознати сторители со спреј оштетиле седум гробови на градските гробишта, соопшти денеска СВР Охрид. Освен бојадисувањето на гробовите не биле забележани други оштетувања. Инцидентот се случил на 2-ри март, а го пријавил вработен на гробиштата.

На местото на настанот е извршен увид, а полицијата трага по вандалите.

OhrdiNews