За неполн месец во Охрид и Струга целосно уништени, украдени или сквернавени се четири спомен обележја. Најпрвин цел на вандалите беше спомен плочата посветена на осудените револуционери од НОВ кај зградата на ССМ во Охрид. Потоа минатата недела исчезнаа бистите на поетите Ацо Шопов и Славко Јаневски од алејата на писателите крај Дрим во Струга, за серијата сквернавења да заврши со нагрдувањето на споменикот на холандскиот писател А. Ден Долард во Охрид.


„Шминканиот“ споменик на Ден Долард

Инцидентите не се  меѓусебно поврзани. Мотивите на сторителите се различни, политички во случајот со спомен плочата од НОВ, егзистенцијални или националистички со бистите во Струга и некултура со испишувањето на погрдни зборови на споменикот на А. Ден Долард.


Искршената спомен плоча од НОБ


Украдените бисти во Струга

За сите случаи заеднички именител е вандализмот, а карактеристика тоа што надлежните не открија ниту еден од уништувачите на спомениците. Инцидентите заслужуваат секаква осуда, но најважно од се е да се пронајдат и казнат. Јавноста со право бара од надлежните органи поголема ефикасност во справувањето со ваквите вандали. Од осамостојувањето до денес уништени се шест споменици од НОВ, во кои се споменува бугарскиот фашистички окупатор, а осквернавени се уште дузина други споменици. Никој не одговарал тоа.