Нема крај на вандализмот и уништувањето на јавните добра во Охрид. Примери има на секој чекор. Бојадисани фасади, искршени клупи и сообраќајни знаци…Едно време мета на вандалите беа корпите за отпадоци кои често се фрлаа во Охридското Езеро, а сега тоа се прави со светилките. Непознати сторители вчера уништиле една од светилките поставени на кејот и ја фрлиле во езерото. Надлежните ги осудуваат ваквите настани но редовно дигаат раменици покажувајќи немоќ во справувањето со вандалите. Не така одамна јавно се говореше и за поставување видео надзор на најфреквентните улици во градот, но тоа сеуште е само идеја.


Вандалите од корпи преминаа на светилки

Ohridnews
Фото: Васко Бујароски