Германската полиција е навикната да води војна со графитерите кои вагоните ги украсуваат со своите уметнички дела, но во вторникот се соочила со невиден облик на вандализам, ѕид од бетонски блокови подигнат во приградски воз во Хамбург. Зад автоматската врата на вагоот во вторникот се појавил ѕид од бетонски блокоби, објавила полицијата.
Ѕидот бил откриен десетина станици од поаѓањето на возот. Патниците морале да го напуштат истиот, а работниците го отстранувале блоковите меѓусебно поврзани со лепило. Возот 12 часа бил исклучен од сообраќај, за што експертите процениле дека е предизвикана штета поголема од 10 илјади евра. Полицијата најавила дека ќе ги прегледа снимките од видеокамерите како би ги открила „шегаџиите“ кои очигледно немале попаметна работа. Ги предупредила непознатите ѕидари дека им се заканува висока парична казна и до пет години затвор.