Непознати сторители целосно или делумно уништиле 22 корпи за отпадоци на градскиот кеј, информираше Ј.П. „Охридски Комуналец„ Уништувањето на корпите за отпадоци е дежурна тема на нашава страна, а последниот пример го забележавме викендов кога уште една корпа заврши во водите на Охридското Езеро.
зачестија ваквите глетки на кејот
Од „ Комуналец” се надеваат дека СВР-Охрид брзо ќе ги пронајде сторителите на ваквите деструктивни дејствиа и против нив ќе се превземат соодветни мерки.Сепак освен со јавна осуда, сторителите на овие дела најчесто минуваат неказнето. И додека надлежните се немоќни да сторат повеќе, вандалите продолжуваат со уништување на јавните добра. До кога?
ohridnews