Полицискиот оддел во Орландо добил повеќе пријави од лути сопственици на автомобили, на кои вандали со спреј напишале пораки против Барак Обама.

За сега се верува дека вандалите, имале политички мотив бидејќи на поголемиот број  испишани автомобили имало пораки против претседателскиот кандидат Барак Обама.

На некои возила биле отстранети и капаците од резервоарите, но не е сигурно дали од нив е украден бензин, или е додадено нешто што може да го оштети моторот.

Вандалите оставиле и пораки како што се: Легализирајте ја марихуаната, престанете да градите затвори.