Каско што информираат од Секторот за туризам и локален економски развој кој работеше на проектот, уништени се таблите поставени кај локалитетите Починка и Требеништа.
Несовесни граѓани од таблата кај Починка ја украле мапата и фотографиите кои го презентираа тоа подрачје, а ја однеле и заштитната табла од плексиглас, додека во Требеништа буквално ја демонтирале и носечката дрвена табла заедно со мапата и плексигласот па така останата е само дрвената конструкција и покривот.