Аргентинскиот голгетер Мауро Икарди е пред враќање во италијанскиот фудбал. Тој оваа сезона како позајмен фудбалер од Интер игра во Пари Сент Жермен, кој нема намера да го откупи договорот.
Како следна дестинација за Икарди се споменува Наполи. Правникот на Икарди, Елио Лектори во изјава за аргентинските медиуми рече дека Ванда Нара работи на трансферот кој наскоро треба да се реализира.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, отсекогаш го сакал во своите редови. Минатото лето едноставно Мауро не сакаше да остане во Италија, така што работите не успеаја. Некои можеби не ја сакаат неговата улога во одредена тактичка шема, но ако ви треба напаѓач кој постигнува голови – ете ви го Мауро. Секако, Ванда Нара е негов агент и се грижи за неговите интереси. Добро го познавам, тој е како син за мене. Идејата да оди во Наполи е делумно заради Диего Марадона, кој е идол на градот и Аргентина. Можеби Наполи ќе испадне дека е совршениот клуб за него да блесне. – рече Лектори.
Желба на Ванда Нара е Мауро да заигра за Јувентус, но останува да видиме како ќе заврши сезоната и како ќе се одвиваат работите во летниот преоден рок.
OhridNews