Сопругата и агентот на Мауро Икарди, Ванда Нара гостувајќи во емисија на една телевизија во Италија откри дека голгетерот и следната сезона ќе го носи дресот на Интер.
Аргентинскиот фудбалер и управата на „нероазурите“ не беа во најдобри односи во текот на оваа сезона и под знак прашалник беше доведена иднината на напаѓачот на Џузепе Меаца. Клубот му ја одзеде капитенската лента, откако фудбалерот одби да игра и тренира со екипата. Икарди се врати во составот, а двете страни веројатно ги надминале проблемите.
- Мауро ќе продолжи да игра во Интер. Ќе остане овде и следната година. После се што се случуваше можам да кажам дека е смирен и максимално посветен на Интер. – изјави Ванда Нара.
Икарди на Џузепе Меаца пристигна од Сампдорија до 2013 година и за кратко време се промовираше во лидер на екипата.
OhridNews