Мауро Икарди од трибините на Џузепе Меаца го проследи триумфот на Интер (2-1) против Сампдорија во натпреварот од 24-та рунда во италијанската Серија А. „Нероазурите“ покажаа дека можат да се износат со проблемите, откако втор меч во низа победуваат без најдобриот голгетер во составот.

 

После мечот сопругата на Икарди, Ванда Нара која го застапува фудбалерот говореше за новонастаната ситуација и одземањето на капитенската трака пред дуелот со Рапид во Лигата на Европа.

  • Некои кажуваат дека капитенската трака не е значајна, но таа за Мауро живот значи. Дресот на Интер го носи со голема гордост и секогаш го става пред сопствениот интерес. Немаше никаква опомена дека ќе му ја одземат капитенската трака, а јас констатно сум во контакти со Интер, а заедно дознавме на Твитер. Мауро секогаш верувал во тимот, ние сме семејство „интеристи“ без разлика каде се наоѓаме. Разговорав со Марота и го замолив да го врати Икарди во игра затоа што никогаш не беше намера да заминеме од Интер. Исто така посакувам Мауро да биде повеќе заштитен од клубот. Неможам да разберам дали злонамерните и неточните информации доаѓаат од клубот или надвор од него. Ако јас бирам помеѓу нов договор за Мауро или доаѓање на некој квалитетен фудбалер кој ќе му подаде пет точни пасови по натпревар, ќе го одберам второто без размислување. – изјави старлетата во контактната емисија на една од италијанските телевизии.

Телефонски  во емисијата се јави Џузепе Марота кој ја извршува функцијата спортски директор во Интер. Неговата челична рака доведе до оваа ситуација ставајќи го Интер пред сите други. – Сакаме да ја смириме ситуацијата, бидејќи одлуката е донесена. Вакви работи се потребни во една фамилија за децата да пораснат. Јас и тренерот пробавме да му го објасниме потегот. Ми беше жал да гледам како Ванда Нара плаче, но се работиме за доброто клубот, Мауро и навивачите. Тоа беше добра одлука и никогаш не се сомневаме во професионализмот на Икарди. Наскоро ќе разговараме за новиот договор ако Ванда Нара посакува. 

Во „случајот Икарди“ се уклучи и сестрата на фудбалерот која нападна Ванда Нара. Икарди и возврати и се скара со сестрата Ивана која побара од фудбалерот да биде оној стариот.

OhridNews