Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Ванчо Муратовски, вчера ги отфрли сите обвинувања дека е избран нелегитимно на конгресот кој се одржал  во 2006 година. Ова оправдување следуваше по низата обвинувања и прозивки од страна на неколку гранските синдикати, кои тврдат дека Муратовки не е избран легитимно.

– Со цела моја одговорност тврдам дека 17-тиот конгрес на ССМ е одржан легитимно и а одлуки се донесени легитимно – рече Муратовски на вчерашната конференција за печат.

Тој нагласи дека, иницијативата за неговата смена потекнува од само од  седум грански синдикати, а синдикатот брои вкупно  17.

– Сите одлуки за одржување на конгресот се донесени од највисоките органи на ССМ, а делегатите се предложени од секој грански синдикат.  Јас тогаш бев иизбран со вкупно  74 гласа, а Живко Митревски доби 56 гласа.   Ниту тогаш ниту во текот на овие четири години никој официјално не достави приговор во врска со изборот за претседател на ССМ. Се одржаа 48 седници на Претседателството на ССМ и 20 седници на Советот на ССМ и ниту еднаш не се доведе во прашање легитимитетот на 17-тиот конгрес на ССМ -објаснува Муратовски.

OhridNews