Арсенал ќе остане без услугите на извонредниот напаѓач Робин Ван Перси, кој заработи повреда на стапалото на пријателскиот натпревар помеѓу Холандија и Италија одигран синоќа.

Холанѓанецот се повреди во еден дуел со италијанскиот дефанзивецот Кјелини по што мораше да ја напушти играта.

Првичните проценки на лекарите се дека Ван Перси ќе отсуствува од теренот во наредните три месеци.

Ohridnews