Реномираниот белградски рокенрол бенд  “ВАН  ГОГ“  денеска ќе настапи во живо на познатата охридска плажа Парк. На концертот кој ќе започне во 24.00 часот публиката ќе има можност да го чуе најновиот албум на групата „ЛАВИРИНТ“.


„Ван Гог“ денеска во Охрид


За време на нивниот престој во Охрид ќе биде снимен музички видео спот во продукција на „Кумевбрадарс продакшн“. Овој спот ќе биде презентиран на повеќе медиуми меѓу кои и МТВ. Картите за концертот по цена од 299ден. се продаваат во „Ликвид“, „Мецофорте“, „Објектив“ и дискотеката „Парк“  во  предпродажба и 399 ден. на лице место. Концертот ќе биде пропратен со видео сценографија специјално подготвена од групата. „ВАН ГОГ“ се добитници на МТВ наградата “BEST ADRIATIC ACT“  во Минхен.

Ohridnews