– Ме изненади напаѓачката формација на Интер. Беа офанзивни и многу креативни, ми се “чини“ дека ние створивме некоја шанса повеќе од нив. На крајот на натпреварот ни се насмевна среќата но тоа беше награда за целиот труд низ 90-те минути. Голема заслуга за нашата победа оди кај нашиот голман Томас Крафт кој скроти неколку тешки удари кон неговиот гол – смета холанѓанецот Луис Ван Гал.
Актуелниот освојувач на Лигата на Шампиони, Интер пласман ќе брка на реванш натпреварот кој се игра на Алианц Арената на 15 март.