Од успешноста на Вирџил ван Дијк во дуелите со Лионел Меси многу работи ќе зависат утре вечер на Ноу Камп во првиот меч од 1/2 финалето во Лигата на Шампиони. Најдобриот дефанзивец во Премиер лигата, Ван Дијк изјави дека ова не е дуел помеѓу него и Меси, туку тимска против еден од најдобрите состави во светот моментално.
- Без сомнение мислам дека Меси е најдобар фудбалер на светот. Не се браниме еден на еден, туку тимски без отстапување. Така и напаѓаме. Барселона има компактен тим и не смееме да се фокусираме само на Меси, бидејќи има уште 3-4 играчи кои можат да направат разлика. Ние сме подготвени да се судриме со Барселона и да покажеме дека успесите лани и оваа година се вистински и не се случајност. – изјави Ван Дијк.
Холанѓанецот во дресот на Ливерпул игра маестрално и до сега нема ниту еден изгубен дуел во Премиер лигата и заслужено го понесе епитетот најдобар играч во изборот на фудбалерите.
Мечот на Ноу Кам се игра в среда со почеток во 21 часот.
OhridNews