Поранешниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт (38) изјави дека со многу емоции го проследил последниот настап на неговиот врсник Горан Пандев во црвено-жолтиот дрес, нарекувајќи го „македонскиот Јохан Кројф“.

Пандев како рекордер според бројот на настапи (122) и постигнати голови (38) во македонската репрезентација во понеделникот против Холандија на ЕУРО2020 се збогуваше од националниот дрес, испратен со стоечки овации на стадионот „Јохан Кројф“ во Амстердам и специјален дрес од холандската репрезентација со бројот 122.

Тоа беше прекрасен гест. Се наежив и ми се насолзија очите. Мислам дека беше прекрасно што еден таков голем играч доби такво испраќање, изјави Ван дер Варт, кој е стручен коментатор на холандската национална телевизија „NOS“ за ЕУРО2020.

Споредувајќи го Пандев со најдобриот холандски фудбалер на сите времиња Јохан Кројф, поранешниот член на Реал Мадрид и Тотенхем со многу комплименти зборуваше за довчерашниот македонски капитен.

Секогаш кога Пандев ќе дојде во контакт со топката веднаш нешто се случува на теренот. Навистина, прекрасен играч, додаде Ван дер Варт, кој за холандската репрезентација одигра 109 натпревари, а по завршувањето на кариерата во 2019 година стана професионален играч во пикадо.

OhridNews

 

Депај и Вајналдум добитна комбинација за „лалињата“, Пандев се збогуваше со Македонија (видео)

Видео: Шампионски поздрав за еден и единствениот Гранде Пандев!