Фудбалерот Рафаел Ван Дер Варт има нова девојка, а станува збор за Сабиа Булаж, всушност другарка на неговата поранешна сопруга Силви. Прокоментирал дека се познаваат со години и дека секогаш биле добри пријатели. Во последно време помеѓу нив се развиле изненадувачки односи и се родила љубов.
Новата љубов на фудбалерот на Хамбург предизвикала гнев кај неговите фанови на друштвените мрежи. Еден огорчен обожавател на фејсбук профилот на Рафаел напишал како може некого така да понижи и дека врската со најдобрата другарка е неверојатна.