Холандскиот дефанзивец во редовите на Ливерпул, Вирџил ван Дајк го навлече гневот од навивачите откако во изборот за најдобар фудбалер во Премиер лигата својот глас му го даде на Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.

Навивачите на „црвените“ не можат да му го простат заминувањето на Стерлинг од Енфилд и трансферот во Манчестер Сити. Англискиот репрезентативец искрено зборуваше дека од Ливерпул заминал поради инфериорноста на клубот во Премиер лигата.

Без разлика на гневот од навивачите, Ван Дајк си остана доследен и ги отфрли сите обвинување на негова сметка.

  • Го гледав Стерлинг и му завидував. Гласав и мислам дека го направив вистинскиот избор. Тој има брилијатна сезоната и ја заслужува оваа награда. Се двоумев дали го поддржам Стерлинг или Бернандо Силва, но не погрешив со изборот. – изјави Ван Дајк.

Покрај капитените од екипите, гласаат тренерите и новинарите, а резултатите се сумираат на крајот од сезоната и се прогласува најдобриот фудбалер. Минатата година наградата ја понесе Мо Салах.

OhridNews