Без голови и без победник заврши локалното дерби Лидс – Манчестер Јунајтед на „Иланд Роуд“, во 33-та рунда во англиската Премиер лига. Дербито, кое секогаш изобилува со голема тензија поради ривалството го одбележа македонскиот репрезентативец Езџан Алијоски, кој не штедеше зборови за Англичанецот Арон ван Бисака. Дефанзивецот на „ѓаволите“ бескомпромисно стартуваше над Алијоски, која пак, веднаш стана и со сочна пцовка го награди за дуелот покрај аут линијата. Погледнете!
Манчестер Јунајтед е второпласиран на табелата во Англија, додека Лидс е деветтопласиран со обезбеден опстанок и без резултатски притисок до крајот на сезоната.
OhridNews