Невестата и младоженецот од aмериканската држава Охајо се заколнале на вечна верност на вампирска свадба одржана во проколната куќа. Џек Холсингер и Кони Шпицнагел се појавиле нашминкани како вампири со бледи лица. Проколнатата куќа ја одбрале бидејќи нејзините сопственици поседувале камп во кој младенците се запознале.
Холсингер на церемонијата пристигнал со мртoвeчки автомобил, во ковчег, а до олтарот го носеле 6 почесни носачи. Матичарот бил маскиран да изгледа како Џејсон, главниот негативец во филмовите Петок 13-ти. По размената на брачните ветувања матичарот му рекол на младоженецот дека може да ја гризне невестата за вратот.